Background

Базенски комплекс “Воздух и Надежи” – Охридска водена комедија

Во чест на големата 10-годишнина од најавата за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, градските власти организираа специјална комеморација. Присутните минута молчење ја поминаа гледајќи во монументалната дупка што требаше да биде базен, додека панел системот уметнички се распаѓаше како инсталација во духот на модерната деконструкција.
5 милиони евра подоцна, единствената вода што можеше да се види беше од солзите на даночните обврзници. Охридското Езеро, 358 квадратни километри водена површина, стоеше настрана, збунето од човечката потреба да гради нови водени површини покрај неговите брегови.
Меѓутоа, не беше сè изгубено во градот на УНЕСКО! Додека базенот остана само дупка на хартија и во земјата, АК Охрид ТрчаТ успешно спроведуваше своја алтернативна водена програма наречена “Како да пливаш во пари додека градот останува на суво”. Оваа револуционерна програма демонстрираше како со средства доволни за три пливачки базени може да се финансира трчање околу езерото.
Весларите останаа единствените водени спортисти во градот. Бесплатно веслаа низ плитките води на буџетската транспарентност, додека граѓаните имаа чувство дека некој нив ги весла – и тоа не од напред.
И така, десет години по историскиот настан, базенот стои како дупка-споменик на испарени средства и изветрени ветувања. Ако ништо друго, барем имаме морална поука: Подобро да трчаш со празни џебови, отколку да пливаш во празни ветувања.
П.С. За утеха на граѓаните, следната недела се планира новата декада на воскресение на базенот, овој пат со уште поголем буџет и уште поиновативни начини за негово испарување.

НАПОМЕНА : Сите сличности со реалноста се случајни

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation