Иселувањето го загрозува економскиот раст

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мисијата на Меѓународниот фонд која деновиве престојуваше во земјава со цел консултации за подготовка на Членот IV, оцени дека растот на македонската економија добива моментум  и очекува годинава да изнесува  3,3%. Сепак, велат оттаму поради структурните ризици предизвикани од надворешни фактори и намалувањето на населението поради иселување, потенцијалниот раст на економијата може да се намали на 3%.

Се оценува дека интензивирањето на јавните инвестиции и поддршка на потрошувачката со трансфери од Владата и реалниот раст на платите ќе бидат главни двигатели на растот на домашната економија во 2025 година.

При тоа клучно за ММФ за зголемување на продуктивноста и надоместување на трошоците на иселувањето се структурни реформи насочени кон подобрување на деловното опкружување, зајакнување на пазарот на трудот, зголемување на инвестициите во јавната инфраструктура, зајакнување на владеењето на правото и напори за спречување на корупција, како и подобрување на управувањето.

Во однос на буџетскиот дефицит ММФ смета дека е клучно да се оствари очекуваното зголемување на приходите преку намалување на сивата економија и зголемување на усогласеноста со даночните обврски.

Оттаму ги поздравуваат напорите на Управата за јавни приходи за модернизација на процесите и намалуање на неформалното работење кои ќе придонесат за зголемување на даночната основа и подобрување на приходната страна од буџетот, иако за целосни ефекти од тоа е потребно време.

Се посочува дека е потребна кредибилна фискална стратегија која ќе обезбеди придржување кон фискалните правила за нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, коешто е клучно за зачувување на кредибилитетот за одржување на пристапот кон меѓународните пазари на капитал, за создавање простор за инвестиции, како и за зајакнување на отпорноста на идни потреси.

Според  ММФ фокусот треба да биде на конторла на тековните трошења. Фондот препорачува да се изостават понатамошните зголемувања на пензиите во септември 2025 година и враќање на систем на пензии заснован на правила во 2026 година – индексирајќи ги само според инфлацијата со што се поддржува фискалната консолидација, а куповната моќ на пензионерите се заштитува.

Фондот советува ограничување на растот на јавните плати на нивото на инфлацијата во краткорочен период, како и избегнување ад- хок зголемувања на минималната плата, со цел да се избегнат дополнителни притисоци врз инфлацијата.

Мисијата на ММФ посочува дека структурните фискални реформи се потребни  за зајакнување на фискалното управување и подобрување на ефикасноста на трошењето и дека на тој план веќе се остварува одреден напредок.

- Advertisement -
Ad image

Оттаму  посочуваат на тоа дека клучните тековни мерки вклучуваат спроведување на одлука за Управување со јавни инвестиции и соодветен прирачник, донесување  закон за ЈПП и спроведување  прегледи на трошењата за оптимизирање на распределбата на буџетот.

Во однос на монетарната политика, Мисијата на ММФ и препорачува на Народната банка да не продолжува со натамошното олабавување  на монетарната политика и да да остане будна на инфлаторните ризици .

Оттаму забележуваат дека на порастот на инфлацијата влијаат домашните фактори, па предлагаат  Народната банка да остане будна на инфлаторните ризици вклучувајќи го  зголемувањето  на платите и пензии, како и зголемени надворешни ризици од неизвесности во трговијата.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article