АКО ТРАМП ГО ОКУПИРА ГРЕНЛАНД ТОА БИ БИЛО НАЈКРАТКА ВОЈНА НА СВЕТОТ

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако новоизбраниот американски претседател Донадл Трамп навистина ја исполни својата закана за анексија на Гренланд со сила, тоа би била најкратката војна во светот, вели Улрик Прам Гад, постар истражувач во данскиот институт за меѓународни студии.

– Ако Трамп навистина се обиде да ја заземе територијата со сила, прашањето е: против кого би се бореле (Американците)? Сопствената војска? Тие се веќе таму – вели истражувачот Гад.

Бриселски Политико ги анализираше воените сили на Данска и САД. Главните акции во војната би се одвивале по море и во воздух. Дали Данска може да се повика на членот 5 за да побара помош од сојузниците во НАТО?

– Во суштина би имале членка на НАТО која ќе ја припои територијата на друга членка на НАТО. Значи, тоа би била прилично непозната територија. Кога размислувате за тоа, нема никаква смисла – изјави Агате Демараис, виш политички соработник во Европскиот совет за надворешни односи.

Копенхаген во секој случај законски ќе може да побара помош од земјите во ЕУ, пишува познатиот медиум. Извор од Европската комисија изјавил дека во случај на инвазија на Гренланд би важела клаузулата за заемна помош во член 42 на ЕУ.

Данска има 10 пати помал буџет за одбрана

На Данска би ѝ требала помош да се справи со земјата која има најголем буџет за одбрана во светот. САД лани потрошија 948 милијарди долари и имаат 1,3 милиони во воен персонал.

Данска, од друга страна, има само 17.000 војници, а најголемиот дел од нејзината тешка опрема за копнена војна е донирана на Украина. Земјата лани потроши 9,9 милијарди долари за средства за одбрана.

Една од можностите е Данска да се повика на обврските на Вашингтон според договорот од 1951 година.

Според пактот од 1951 година, САД ја прифатија законската обврска да го одбрната Гренланд од каков било напад имајќи предвид дека данските вооружени сили не можат сами да се борат против потенцијалниот агресор без помош.

- Advertisement -
Ad image

– Данска беше многу свесна дека не може сама да го брани Гренланд против никого – рече Кристијан Соби Кристенсен, виш истражувач во Центарот за воени студии на Универзитетот во Копенхаген.

Поморска или битка од воздух?

Познато е дека САД имаат голема воена база и свои војници на Гренланд. Од друга страна, некои бродови на данската крајбрежна стража посетуваат југоисточен Гренланд, но данскиот печат објави дека софтверот потребен за пукање во цели никогаш не бил купен и инсталиран.

- Advertisement -
Ad image

Иако вооружените сили на Данска се многу помали од оние на САД, Копенхаген е сепак меѓу оние европски престолнини кои многу сериозно ја сфатија потребата за засилување на одбраната од почетокот на војната во Украина.

Данска потроши 2,37 отсто од својот БДП на војската минатата година, над целта на НАТО од 2 проценти , и планира дополнителни зголемувања. Данските воздухопловни сили ја менуваат својата флота Ф-16 со модерни борбени авиони Ф-35 од американско производство и во моментов се обидуваат да набават системи за противвоздушна одбрана.

Без разлика, донираната воена опрема ќе биде од мала корист во одбраната на Гренланд од инвазијата на САД.

– Единствениот начин да се дејствува таму е во воздух или по море. Копнената војна има многу малку смисла во Гренланд – рече Соби Кристенсен.

1,5 милијарди долари за дронови, бродови и персонал

Во декември минатата година, данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен објави нов пакет за одбранбени трошоци во вредност од „двоцифрена сума милијарди“ во круни за купување на два дронови со долг дострел, две патроли со санки за кучиња и два брода за инспекција.

Парите беа, исто така, за финансирање на ангажирање на повеќе луѓе за данската Арктичка команда во главниот град Нуук, како и за надградба на аеродромот Кангерлусуак за да биде погоден за борбени авиони Ф-35.

Се работи за сума од 1,5 милијарди американски долари. Неговата објава дојде во време кога Трамп ја најави својата желба да го купи или припои најголемиот остров во светот. Трамп ги обнови своите амбиции кои веќе еднаш ги искажа во првиот мандат од 2019 година.

Базата Питуфик е клучна за Американците

САД значително го намалија своето воено присуство на островот по завршувањето на Студената војна, но радарската станица за рано предупредување останува во вселенската база Питуфик, северозападно од Гренланд.

Тоа е клучна предност што може да забележи вселенски летала и балистички ракети, вклучително и потенцијални нуклеарни боеви глави лансирани од Москва.

Во меѓувреме, вооружените сили на Данска не се ниту опремени, ниту обучени да се спротивстават на инвазијата на САД.

Тие „се грижат за поприземни воени активности во мирно време“, објасни Соби Кристенсен, велејќи дека данските сили редовно распоредуваат поморски патролни авиони и бродови во водите на Гренланд.

 

Share This Article