Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 49-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 49–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 15.08.2025 година (петок), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 48-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за прифаќање донација на противпожарно возило
- Предлог – Одлука за давање согласност за формирање комбинирани паралелки од I до V одделение под 10 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2025/2026 година
- Предлог – Одлука за издавање согласност за формирање чисти паралелки од I до IX одделение под 20 ученици во основното училиште „Дебрца“ – Белчишта за учебната 2025/2026 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски