22-годишна латино музичарка беше смртно застрелана во она што властите го опишаа како напад во стилот на заседа рано наутро во саботата, 22 ноември, во долината Сан Фернандо, оставајќи уште двајца критично повредени, според извештаите на локалните медиуми.
Марија Де Ла Роса починала во локална болница откако била застрелана додека седела во паркирано возило во Нортриџ, според полициската управа на Лос Анџелес. Пукањето се случило непосредно пред 1 и 30 часот наутро, пишува TMZ.
Според полицијата на Лос Анџелес, сведоци опишале дека виделе двајца мажи како се приближуваат кон возилото околу 1 и 25 часот наутро во саботата. Во возилото биле испукани повеќе куршуми, погодувајќи ги сите тројца патници.
Де Ла Роса била пренесена во блиската болница каде што била прогласена за мртва, а двете други жртви кои не биле идентификувани, се вели дека биле во критична состојба.
Уметницата во подем, која настапуваше под сценското име ДЕЛАРОСА, ја објави својата прва песна „No Me Llames“, во август и беше присустна на социјалните мрежи со повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм.
Нејзината последна објава на Инстаграм беше нејзина фотографија со електрична гитара во студио, што сугерираше дека работи на нова музика.
– Ocupando cocinando en el Stu … Ya es tiempo,… Зафатена сум со готвење во [студиото]… Време е – напишала таа.
Детективите веруваат дека пукањето е поврзано со банда, според NBC Los Angeles. Сепак, мотивот сè уште се истражува и не се извршени апсења, соопшти полицијата.




























