Дента пред нејзиниот концерт на фестивалот во Истанбул (5 август), Џенифер Лопез го посетила луксузниот трговски центар Истиње Парк (Istinye Park) и се обидела да влезе во бутикот на Шанел. Без разлика на нејзината светска слава, еден од чуварите од обезбедувањето, според локалните медиуми, ѝ рекол дека продавницата е „полна“, најверојатно, бидејќи не ја препознал ѕвездата.
Лопез реагирала смирено: „OK, no problem“ и само се оддалечила, без никаква сцена или драматично однесување.
Подоцна, кога персоналот сфатил кој е пред влезот, ја поканиле повторно да ја посети продавницата, но таа учтиво ги одбила.
Наместо во Шанел, Џеј Ло се упатила кон соседните бутици на Celine и Beymen, каде што поминала речиси три часа и потрошила десетици илјади долари — вистинска модна „одмазда“ со стил.
Концертот на фестивал во Истанбул е дел од нејзина летна турнеја „Up All Night: Live in 2025“, која започна на 8 јули во Вига, Шпанија, а се очекува да заврши на 10 август, кога ќе настапи во Алмати, Казахстан.