Зошто Берлин ги затвора вратите за дополнителна воена помош?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германија не може да ѝ испорача дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина бидејќи од првичните 12, земјата сега располага само со 6 системи „Патриот“, изјави министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, во интервју за Фајненшл тајмс, објави Јуромајдан прес.

– Имаме само уште шест (системи „Патриот“) во Германија – рече Писториус.

Тој објасни дека Берлин веќе испратил 3 системи „Патриот“ во Киев, 2 се позајмени на Полска, а најмалку еден не е во функција поради одржување или поради обука.

– Тоа е навистина премалку, особено ако се земат предвид целите што мора да ги исполнуваме во рамките на НАТО. Дефинитивно не можеме да дадеме повеќе – додаде тој.

Министерот за одбрана треба да се сретне со секретарот за одбрана на САД, Пит Хегсет, во Вашингтон на 14 јули, каде што планира да разговара за предлогот што го изнел минатиот месец – Германија да купи 2 система „Патриот“ од САД, наменети за Украина.

– Ќе разговарам со Хегсет за предлогот Германија да купи 2 система од САД за Киев – изјави Писториус.

Средбата се одржува во време кога Вашингтон ја замрзна испораката на американски системи „Патриот“ за Украина, што создаде дополнителен притисок врз европските сојузници да пополнат дел од капацитетниот вакуум. Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 13 јули изјави дека сојузниците во НАТО може да купат системи „Патриот“ за Украина, велејќи:

– Сè уште не сум се согласил за бројот, но ќе добијат неколку бидејќи им треба заштита.

Претседателот Трамп ќе објави нов план за вооружување на Украина на 14 јули, кој се очекува да вклучува и офанзивно оружје.

- Advertisement -
Ad image

Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно, на 10 јули, изјави дека Германија е подготвена да купи дополнителни системи „Патриот“ од САД и да ѝ ги предаде на Украина.

И покрај новите барања од Киев по последните руски воздушни напади, Писториус потврди дека Германија нема да ѝ испорача на Украина ракети со долг дострел „Таурус“. Тој, исто така, ги одби предлозите за заедничко задолжување на ЕУ или за емисија на еврообврзници за да им се помогне на земји како Франција и Италија да го зголемат одбранбениот буџет, кратко одговарајќи: „Не“.

На агендата за понеделничката средба во Вашингтон е и „патоказ“ за американската безбедносна поддршка на Европа, при што Писториус предупреди дека секое намалување на ангажманот на САД не смее да создаде капацитетен јаз што би можел да значи „отворена покана за Путин“.

- Advertisement -
Ad image

Министерот ја критикуваше одбранбената индустрија поради доцнењата во испораките и покрај тоа што Германија значително го зголеми својот воен буџет. Целта на Берлин е годишниот буџет за одбрана да достигне 162 милијарди евра до 2029 година, што претставува зголемување од 70% во однос на сегашните нивоа.

– Повеќе нема простор за поплаки. Индустријата многу добро знае дека одговорноста да испорачува сега е нејзина – изјави Писториус.

Share This Article