Нова финансиска трансакција во Битола повторно ги поставува прашањата кои никој не сака да ги одговори!
Осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија АД Битола, основана во октомври 2023 година, ја промени сопственичката структура. Според информациите со кои располага редакцијата, купувач е Алта Банка , истата банка која неодамна ја презеде и Стопанска банка АД Битола. Станува збор за блок-трансакција во вредност од околу 1,7 милиони евра, со која новиот сопственик се стекна со 100 отсто од акционерскиот капитал на осигурителното друштво.
Но, прашањето кое се наметнува само по себе е: кој всушност стои зад оваа трансакција и од каде потекнуваат парите?
ТРИ ИМИЊА, МНОГУ ПРАШАЊА
Според информациите со кои располага редакцијата, зад купувањето на ЗОИЛ Битола, преку Алта Банка, стојат три клучни имиња:
Првото е Цветан Панделевски , поранешен главен акционер во Стопанска банка АД Битола, личност против која поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) поднесе обвинение. Дали Панделевски, кој веќе еднаш беше клучна фигура во истата банка и кој имаше судир со правосудниот систем, сега преку Алта Банка повторно го контролира финансискиот сектор во Битола , но овој пат и осигурувањето?
Второто е Ана Георгиев од Битола, акционер чие име јавноста го поврзува покрај со Цветан Панделевски и со Васко Ковачевски , поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Дали врската помеѓу Ана Георгиев и Васко Ковачевски е само случајна, или станува збор за структурирано движење на капитал со сомнително потекло?
Третото и најбитно прашање се однесува токму на Васко Ковачевски , лицето осомничено за проневера на 6,5 милиони евра од ЕСМ, по кое МВР распиша меѓународна потерница на крајот на 2024 година, и кое, според сите достапни информации, сè уште е недостапно за органите на прогонот. Но, недостапно ли е навистина или само за јавноста?
ПАНЧЕ ТОШКОСКИ – ДАЛИ ЗЕТОТ ЗНАЕ НЕШТО ЗА „ ВУЈЧЕ“?
Овде приказната добива уште една, особено интересна димензија. Панче Тошкоски,министер за полиција на РСМ , е зет на Цветан Панделевски. Прашањето кое редакцијата легитимно го поставува е: дали Панче Тошкоски знае или знаел за природата на капиталот со кој располага неговиот вујко?
Дали министерот за полиција, кој јавно настапува во улога на борец против корупцијата, бил информиран или , не бил информиран за деловните активности на Панделевски? И доколку не бил , зошто не? А доколку бил , зошто молчи?
Ова не е обвинување. Ова е прашање кое секој граѓанин на Битола и Севрна Македонија има право да го постави.
КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ОД ЕСМ?
Редакцијата легитимно поставува прашање: дали парите од проневерата во ЕСМ, за која се товари Васко Ковачевски, нашле пат преку Ана Георгиев и Цветан Панделевски кон купувањето на ЗОИЛ Битола?
Дали е случајност тоа што лице поврзано со обвинет бегалец од правдата станува дел од трансакција од 1,7 милиони евра , токму во моментот кога тој бегалец формално се „бара”, а суштински никој вистински не го бара?
АНДРИЈА ВУЧИЌ – ВРСКА ИЛИ СЛУЧАЈНОСТ?
Редакцијата располага со информации дека зад цела оваа конструкција, преку Алта Банка, се провлекува и името на Андрија Вучиќ , братот на српскиот претседател. Ако е точно дека Алта Банка е канал преку кој се движат парите на ова трио, тогаш прашањето станува уште покомплексно: дали македонски криминален капитал, преку српски банкарски канали, денес легализира свое присуство во осигурителниот сектор на Македонија?
Дали НБРСМ, Агенцијата за супервизија на осигурување и другите надлежни органи имаат сознание за потеклото на капиталот вложен во оваа трансакција? Дали е спроведена соодветна проверка согласно прописите за спречување перење пари?
НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК , САМО ПОВЕЌЕ ПРАШАЊА
Редакцијата не тврди. Редакцијата прашува.
Дали зад купувањето на ЗОИЛ Битола стои сомнителното трио Васко – Ана – Целе, со пари прани преку Андрија Вучиќ и Алта Банка? Дали министерот Панче Тошкоски знае нешто повеќе отколку што јавноста го знае и дали неговата позиција на шеф на МВР претставува гаранција дека истрагата никогаш нема да стигне до вујко му? Дали институциите на системот се свесни за она што се случува или се прават дека не се?
И конечно , дали некој воопшто ќе побара одговор на овие прашања, или и овој случај ќе заврши во фиока?
Редакцијата ќе продолжи да следи и истражува…
С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
