Од раните утрински часови владее еуфорична состојба во Тирана поради натпреварот меѓу Албанија и Србија кој се игра вечерва. Низ улиците на главниот град на Албанија шетаат илјадници навивачи во црвено-црни дресови, кои истакнуваат знамиња на УЧК и написи “fuck you Serbia“.
Полиција во Албанија информираше дека поради придружбата на српската репрезентација при заминување на тренинг и натпревар, ќе има делумни затворања на сообраќајот на делницата од хотелот каде што се сместени до стадионот.
Станува збор за чувствителен меч од висок ризик што црвено-црните мора да го добијат за да ги задржат надежите за пласман на Мундијалот.
И навивачите на Шкендија се во Тирана каде ќе ја бодрат репрезентацијата на Албанија во мечот со Србија. За разлика од нив, навивачите на Шкупи, револтирани што не добија карти ќе бидат на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје.
Натпреварот меѓу Албанија и Србија почна во 20.45 часот.
фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
