Background

Змија поскок го претворила летниот одмор на едно украинско семејство на Хвар во вистински кошмар

Змија поскок го претворила летниот одмор на едно украинско семејство на Хвар во вистински кошмар, јави хрватски 24сата. Петгодишно девојче било каснато од најотровната европска змија додека си играло на плажа, по што почнало да губи свест.

– За време на ручекот, ќерка ни си играше со другарчиња во близина на бар на плажата. Одеднаш дотрча и ни кажа дека ја каснала змија, не ни се веруваше – раскажа мајката за хрватскиот медиум.

Губејќи свест, девојчето почнало да повраќа, а ногата ѝ отекла.

- Advertisement -
Ad image

– Сопственикот на барот веднаш повика брза помош. За да бидеме побрзи, тој нè однесе со својот автомобил до автопатот, па таму се префрливме во возило за брза помош кое нè однесе до хеликоптер, а потоа во болницата во Сплит – раскажа мајката.

какИако состојбата се подобрила, докторите предупредиле дека постои опасност да ја изгуби ногата.

Следното утро лекарите направиле итна операција.

– Ни кажаа дека постои сериозна опасност да ја изгуби ногата – потврди мајката.

Подоцна била извршена уште една интервенција за затворање на раната.

Сега девојчето е надвор од животна опасност, но и понатаму чувствува силни болки.

– Целата нога ѝ е со завои, уште прима инфузија и антибиотици. Но, лекарите направија чудо. Ѝ го спасија животот, но и ногата. Бескрајно сум им благодарна – вели мајката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation