Во македонските реки може да се пронајде злато! Македонија има долга историја на алувијално злато (злато во речните наноси), која датира уште од античките времиња.
Во старомакедонскиот период, Филип Македонски и Александар Македонски користеле златноносните наноси од наоѓалишта на Коњска Река (Гевгелија) и Вардар.
Рудните богатства придонесувале за брзо економско јакнење на античката македонска држава; наоѓалишта на злато и сребро имало источно од Аксиос (Вардар), во близина на Стримон на планината Пангеј, кај езерото Прасијада и кај местото Датон .
Според научните истражувања на Универзитетот “Гоце Делчев”, се опфатени поголемите реки каде што е потврдено присуство на алувијално злато
Златото може да се најде и во алувионите на речните текови кој што се добива со испитување на нивните шлихови (шлихот е тежок минерален песок што се таложи на дното на реките).
Од примесите во златните агрегати најчесто и во најголем процент се среќава среброто, потоа бакарот, железото и живата.
Присуството и постоењето на златото како минерална суровина и неговото истражување во Р. Македонија има долга историја, но најголем број од откриените појави и минерализации се само делумно истражени.
Иако точните количини не се јавно достапни, на годишно ниво во единствениот македонски рудник за бакар и злато Бучим во Радовиш се произведува од 350 до 400 килограми злато, што укажува на значајно присуство на овој благороден метал во регионот.
Собирањето злато од реките (познато како “тресење” или “миење злато”) е регулирано со закон. Метал детекторите се забранети со закон – ако те фатат, се заканува затвор до 10 години . Меѓутоа, традиционалното тресење во мали количини за лична употреба е во сива зона на законодавството.
Македонија навистина поседува златоносни реки, особено во источните и југоисточните делови на земјата. Ова богатство е познато уште од времето на античка Македонија и продолжува да постои и денес, иако е недоволно истражено и искористено. Главните локации се во сливовите на реките поврзани со вулканските планини како Плачковица, Кожув и Крат овско-Злетовскиот регион, каде што геолошките услови се идеални за формирање на златни наоѓалишта.
С.ДЕНЕСОВСКИ
Tagged as:
алувијално злато ЗЛАТО ВО МАКЕДОНСКИТЕ РЕКИ: Античко богатство што и денес постои
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖