Background

Златно-портокалова светлина ќе го обои небото

Светлината што ќе го преплави ноќното небо вечерта на 4 ноември ќе биде најсилна во целата 2025 година. Месечината, во својата најголема и најсветла форма, ќе се доближи до Земјата за речиси 27.000 километри повеќе од вообичаено.

Астрономите ја нарекуваат „супермесечина“ затоа што изгледа до 7% поголема и до 16% посјајна од вообичаената полна месечина, јави Ројтерс.

Меѓутоа, овојпат совпаѓањето меѓу полната фаза и нејзината најблиска точка, перигејот, ќе биде речиси совршено. Тоа создава идеална комбинација за визуелен спектакл што ретко се повторува. Следната ваква месечина ќе се појави дури на 24 ноември 2026 година.

- Advertisement -
Ad image

Највеличествената и најсветлата месечина ќе биде видлива на 4 ноември, приближно од 17 до 18 часот по македонско време, кога ќе се појави над источниот хоризонт.чина ќе настапи на 5 ноември во 14:19 по средноевропско време (CET), односно во 15:19 по македонско време, бидејќи Македонија веќе е во зимско сметање на времето.

Притоа, највпечатливиот момент за набљудување ќе биде во првиот час по нејзиното појавување над источниот хоризонт. Тогаш, поради таканаречената илузија на Месечината, таа ќе изгледа огромна и златно-портокалова. Овој оптички ефект се создава кога нејзината светлина се споредува со објекти на земјата – дрвја, згради или ридови – а атмосферата ги расфрла сините бранови, оставајќи ги потоплите нијанси.

Дури и со мобилен телефон може да се направат драматични фотографии, особено ако во кадар се фатат силуети на луѓе или покриви кои даваат чувство на длабочина.

Во текот на ноќта Месечината ќе минува низ соѕвездието Бик, каде нејзиниот сјај ќе ја надмине речиси секоја ѕвезда. Со двоглед ќе може да се види портокаловата ѕвезда Алдебаран – окото на Бикот – како и ѕвездениот кластер Плејади, познат како „Седумте сестри“. Заедно ќе создадат впечатлив небесен триаголник што ретко се гледа со голо око.

Гледајќи ја оваа „златна месечина“ што ја осветлува земјата, луѓето ширум светот ќе имаат редок потсетник на вселенскиот ритам што ги поврзува со космосот од античките времиња до денес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation