Златко Силјаноски – кандидат за Градоначалник на Општина Дебрца на претстојните локални избори.

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Со особена чест и чувство на длабока одговорност, сакам да ја изразам мојата благодарност за укажаната доверба од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски, и ИК на партијата, кои донесоа одлука да бидам кандидат за Градоначалник на Општина Дебрца на претстојните локални избори.
Искрено благодарам на ОК ВМРО ДПМНЕ – Дебрца , на сите структури и членови кои безрезервно ме поддржуваа во изминатиот период. Вашата доверба е мојата најголема мотивација.
Посебна благодарност упатувам до моето семејство – за трпението, разбирањето и поддршката што ми ја даваат сите овие години на политичко и општествено ангажирање.
По дваесет години активно учество во јавниот и политичкиот живот на нашата општина, по илјадници разговори со сограѓани, размена на идеи, создавање визии и решенија – дојде моментот кога заедно со вас ќе ја започнеме новата фаза на вистински развој на Дебрца.
Ја познавам оваа општина – нејзините предизвици и нејзините можности. Ќе бидам Градоначалник кој е постојано меѓу народот, на терен, таму каде што се проблемите, со цел тие да бидат решени брзо, ефикасно и чесно. Ќе бидам достапен, одговорен и посветен.
Овој пат, лично јас – Златко Силјаноски – ја барам вашата поддршка. Да ја вратиме Општина Дебрца на вистинскиот пат, да изградиме иднина која сите ја заслужуваме – со работа, план, ред и почит кон секој граѓанин.
Share This Article