Background

Зибери не е задоволен од состојбата во затворите

Условите во казнено-поправните установи и понатаму се на незадоволително ниво, во однос на непочитувањето на минималните стандарди за сместување, предвидени со домашните и меѓународните регулативи, оцени народниот правобранител Насер Зибери во интервју за ПорталБ.

Тој забележува дека условите за живеење во институциите се несоодветни од аспект на хигиената (нехигиена и немање соодветни хигиенски средства за одржување, дезинсекција, дезинфекција и нередовна дератизација), во однос на минималниот индивидуален простор за сместување на осудените лица и притворените лица, како резултат на што повторно има пренатрупаност во овие институции.

– Состојбата е најлоша во три области: недостаток на сместувачки капацитети, најизразена во затворот „Идризово“, каде што се сместени половина од затворениците во државата и во Затворот во Штип, потоа недоволен број на вработени полицајци, образовен е здравствен кадар, како и санитарно-хигиенските услови. Преземени се активности за реконструкција на установите (на пример, реновирано и пуштено е во употреба петтото крило во затворениот дел на Казнено-поправната установа Идризово), но и покрај извршената реконструкција, досегашните активности не се доволни, потребно е одржување, континуирано почитување на минималните стандарди предвидени за установите за сместување на осудени и притворени лица. Здравствената нега е голем проблем. На пример, половина од затворите немаат лекар, додека затворениците можат да направат медицински преглед само два пати неделно. Замислете, во најголемиот затвор „Идризово“ со повеќе од 1.200 затвореници да има само еден општ лекар, две медицински сестри и психијатар ангажиран по потреба. Во кумановскиот затвор сè уште не се нуди метадонска терапија, иако и овде на издржување затворски казни се праќаат и наркозависниците, а да не зборуваме за процесот на ресоцијализација, кој не постои, а слична е ситуацијата и со можноста за завршување на образованието – оцени Зибери.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation