Background

Жителите на повеќе скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето во сабота, 31 мај, од полноќ па натаму, поради поврзување на главниот магистрален водовод

Жителите на повеќе скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето во сабота, 31 мај, од полноќ па натаму, поради поврзување на главниот магистрален водовод, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Засегнати ќе бидат населените места Визбегово, булевар Босна и Херцеговина, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и Бутел 1.

„Планираните активности ќе започнат на полноќ и се очекува да завршат за помалку од 15 часа. Најголем дел од времето ќе биде потребен за празнење и повторно полнење на системот“, се наведува во соопштението.
Според ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе се изврши монтажа на игличест регулационен вентил и ќе се поврзат постоечкиот магистрален цевковод од 1600 мм кај Железара со цевководот од 700 мм на булеварот Александар Македонски. Врската ќе се воспостави преку новоизградениот магистрален цевковод што се протега долж булеварот Хрватска.

- Advertisement -
Ad image

„Со ова ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен меѓу двата главни цевководи во градот, што ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето, стабилен притисок и намалување на загубите“, информираат од претпријатието.

Во рамки на подготовките, биле извршени проверки на воздушните вентили, испустите и хидрантите, по што осум екипи од секторот Водовод ќе го спроведат процесот на сигурно празнење и полнење на системот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation