Во главниот град на Мексико вчера се одржаа жестоки протести што се организираа преку социјалните мрежи, против сѐ повисоката стапка на криминал, корупција и неказнивост, како и против владата на претседателката Клаудија Шајнбаум. Најмалку 120 луѓе се повредини во насилствата, голем дел од нив, дури 100 се полицајци, пренесе Би-Би-Си.
Демонстрантите демонтираа делови од бариерата што ја штитеше Националната палата, резиденцијата на претседателката Шајнбаум, а полицијата што го обезбедуваше комплексот употреби солзавец против собраните.
Шефот на безбедноста на Мексико Сити, Пабло Васкес, изјави за новинарите дека 20 лица биле уапсени за време на протестите, поради кривични дела како што се грабежи и напади.
Шајнбаум изјави дека протестите, кои се одржале и во други градови, биле финансирани од десничарски политичари кои ѝ се спротивставуваат на нејзината влада.
Протестите беа организирани како последица на убиствата на јавни личности, меѓу кои и атентатот врз градоначалникот на Уруапан, Карлос Мансо, кој само неколку недели претходно повикуваше на поостри акции против нарко-картелите.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Сите сме ние Карлос Мансо“, а други пак се појавија со каубојски шешири, оддавајќи почит на градоначалникот на Уруапан, кој беше застрелан на 1 ноември за време на одбележувањето на Денот на мртвите.
Мансо беше познат по тоа што отворено зборуваше за бандите што се занимаваат со трговија со дрога во неговиот град и бараше строги мерки против членовите на вооружените картели кои ја тероризираат земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖