Шдкил О’Нил и Чарлс Баркли, двајца поранешни џинови под обрачите, влегоа во бурна расправија околу тоа кој е најдобар играч во лигата – Србинот Никола Јокиќ или француското чудо Виктор Вембањама, јави ЕСПН.
Баркли, познат по директност, го пофали српскиот ас:
– Оно што го прави Јокиќ во моментов е неверојатно. Тој е најдобриот кошаркар во светот. Лесно постигнува трипл-дабл, и каков трипл-дабл! Не со 10 поени и 10 асистенции, туку со 25, 16 и 17 – истакна легендата на „Феникс“.
О’Нил веднаш возврати:
– Го мразам кога го правиш ова. Не го дискредитирај Вемби – реплицираше Шек, видливо вознемирен.
Поранешниот центар на Хјустон не попушти:
– Вемби игра одлично, но не е исто. Тие не се истото животно – дециден беше Баркли.
Врвната точка на напнатост настапи во моментот кога Баркли се истрча со изјавата.
– Јокиќ би те убил – му рече тој на О’Нил, додека на двата панела ги разгледуваа најдобрите потези на сезoната во НБА.
Шекил не остана должен:
– Сан Антонио има 8-2, а Денвер исто така 8-2 – подвлече тој.
Баркли повторно возврати:
– Ако денес се доделуваше МВП, би го избрал Џокер, потоа Лука, па Вемби.
О’Нил му одговори кратко:
– На тенки нозе си.
Никола Јокиќ, според официјалната статистика, моментно има просек од 28,8 поени, 13,1 скок и 10,9 асистенции, додека Вембањама бележи 26,2 поени, 13 скока и 4 асистенции.
Расправијата уште еднаш покажа колку српскиот центар го подели светот на кошарката, меѓу оние кои веруваат дека е најдобар на планетата и оние кои сметаат дека новата генерација веќе го стигнува.




























