Жена од општина Илинден доживеала вознемирувачко искуство во такси возило, откако возачот ја допирал по телото, наместо да ја однесе директно до нејзиниот дом.
Според полицискиот извештај, инцидентот се случил на 15 септември по полноќ, кога 37-годишната жена, по патување со такси, забележала дека возачот ја избегнува нејзината дестинација.
Откако му се спротивставила на неговите допири, возачот престанал и ја однел до домот. Жената веднаш го пријавила случајот во такси компанијата, по што возачот бил отпуштен од работа.
„На 14.10.2025 во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице – такси возач не ја однел до нејзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот. Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нападот.
Tagged as:
Жената успеала да се одбрани и да го пријави возачот кој останал без работа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
