Пожарот кај дојранското село Николиќ кој неколку дена гореше е ставен под контрола, додека целосно е изгаснат пожарот во Чучер Сандево која исто така со денови беше активен, информираат денеска, 16 јули, од Центарот за управување со кризи.
– Во моментов на територијата на државата активни се 3 пожари и тоа во Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде гори мешана шума, потоа во Македонски Брод, каде гори дабова шума меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа и кај село Нивичино во Општина Василево каде гори нискостеблеста шума – изјави Надица Вчкова во име на ЦУК.
Согласно планот на главниот штаб на за управување со кризи на ЦУК, денеска се ангажирани 2 пинцгауери, 2 ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување кај Крушје и Иванковци. Исто така таму се ангажирани и 30 припадници на армијата.
Во гаснење на пожарот над струмичко Нивичино на копнените сили напомош им е воздухопловот на Министерството за внатрешни работи.
Tagged as:
Жариштето во Николиќ е под контрола пожарот во Чучер Сандево изгаснат
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
