Од 18.45 часот сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово и обратно е нормализиран, информира Авто-мото сојузот (АМСМ ).
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.