Земјотресот со јачина од 7,5 степени во Јапонија ги разбуди мрачните сеќавања од 2011 година

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Земјотресот со јачина од 7,5 степени во Јапонија ги разбуди мрачните сеќавања од 2011 година. Тогаш, цунамито предизвика експлозии и топење во нуклеарната централа Фукушима — најголемата нуклеарна несреќа по Чернобил.

Јапонија во понеделникот, 8 декември, ја претрпе најсилната ноќна сеизмичка пресметка по повеќе години. Овојпат, сценариото беше поинакво. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за бранови до 3 метри, но измерените цунами бранови биле далеку послаби, од 20 до 70 сантиметри во неколку пристаништа.

Властите соопштија дека нема поголеми оштетувања и дека сите нуклеарни централи работат нормално.

– Во моментов имаме потврда за триесетина повредени и еден пожар – изјави премиерката Санае Такаичи, додавајќи дека повеќе од 90 илјади луѓе биле евакуирани, но дека најголем дел од нив се враќаат дома.

Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време, со епицентар на 80 километри од брегот на префектурата Аомори и длабочина од 54 километри. Во градот Хачинохе тресењето достигнало „горна шестка“ според јапонската скала, доволно силно за луѓето да не можат да стојат, туку да лазат кон излезите.

– Може да се очекуваат уште неколку силни земјотреси во следните денови – предупреди претставник на Метеоролошката агенција, повикувајќи ги жителите да останат внимателни.

Железничката компанија „Ист Јапан Рејлуеј“ ги прекина неколку линии, а други доцнеа поради безбедносни проверки. Во централите управувани од „Тохоку електрик“ и „Хокаидо електрик“ не се забележани никакви проблеми. Електричната енергија, која првично беше прекината во илјадници домаќинства, е повторно воспоставена.

По потресот, јенот, јапонската национална валута, накратко ослабе во однос на доларот и на еврото, но пазарите се стабилизираа до пладне.

Јапонија е дел од т.н. „огнен прстен“ околу Пацификот и регистрира земјотрес со големина над 6,0 по Рихтеровата скала речиси секоја недела.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article