Background

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен.

Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци, бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.

Мјанмар вчера беше погоден од многу силен земјотрес со интензитет 7,7 степени, со епицентар во близина на градот Мандалај, на длабочина од околу 20 километри. Големиот земјотрес беше почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна уследи втор земјотрес со интензитет од 6,4 степени.

- Advertisement -
Ad image

Земјотресот урна и зграда во градба во главниот град Тајланд, при што загинаа 6 , а 50 лица сè уште се под урнатините на зградата, додека околу сто луѓе се водат како исчезнати.

Претходно, државните медиуми во Мјанмар јавија дека бројот на загинати се искачи на 1.002. Повредени се 2.376 луѓе, а 30 се водат како исчезнати.

„Оштетени се инфраструктурни објекти како патишта, мостови и згради, што резултираше со цивилни жртви и повредени. Во тек се операции за пребарување и спасување во погодените области“, се наведува во соопштението на хунтата.

Водачот на хунтата Мин Аунг Хлаинг прогласи вонредна состојба и нареди итни спасувачки напори во погодените области. Вчера тој ја покани „која било земја“ да обезбеди помош и донации.

Мјанмар е земја што е разурната од граѓанската војна, по воениот удар во 2021 година, кога беше соборена избраната цивилна влада.

Кинески спасувачки тим денеска пристигна во Мјанмар. Русија, Индија, Малезија и Сингапур испратија авиони со хуманитарна помош и спасувачки екипи.

Јужна Кореја најави дека ќе обезбеди почетна хуманитарна помош од 2 милиони долари за Мјанмар преку меѓународни организации.

Блокот на земји од Југоисточна Азија, АСЕАН денеска соопшти дека ја препознава итната потреба од хуманитарна помош за Мјанмар по големиот земјотрес и е подготвен да ги поддржи напорите за закрепнување.

И САД, и покрај тензичните односи со хунтата во Мјанмар, најавија дека ќе пружат одредена помош.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation