Background

Земјите од Г7 на итен состанок по новиот скок на цената на нафтата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министрите за финансии од водечките индустриски земји од Групата седум (Г7) денеска ќе се состанат попладнево за да разговараат за економските последици од  растот на цената на нафтата, откако таа надмина 100 долари за барел, а светските берзи забележаа пад поради ескалацијата на војната меѓу САД, Израел и Иран.

- Advertisement -
Ad image

Светските цени на нафтата достигнаа речиси 120 долари за барел поради стравувања дека може да дојде до долготрајно нарушување на снабдувањето со енергенси преку клучниот транспортен пат – Ормускиот Теснец.

„Фајненшл тајмс“ објави дека на состанокот на Г7 ќе се разгледува можноста за координирано ослободување на нафта од стратешките резерви, во соработка со Меѓународната агенција за енергија.

Сериозно нарушување на снабдувањето со енергенси од регионот би можело да доведе до раст на цените за потрошувачите и компаниите низ светот.

Околу една петтина од светското снабдување со нафта обично се транспортира преку Ормускиот Теснец, но сообраќајот низ тесниот премин речиси целосно запре по почетокот на војната пред една недела.

Иран во неделата го именуваше Моџтаба Хамнеи за наследник на својот татко Али Хамнеи на позицијата врховен лидер, што укажува дека тврдокорната струја во земјата останува на власт и повеќе од една недела по почетокот на конфликтот.

Во текот на викендот САД и Израел извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, меѓу кои и складишта за нафта.

Во утринското тргување во Азија, цената на „Брент“ порасна за повеќе од 25 % и во еден момент достигна 119,50 долари за барел, пред да се стабилизира на околу 109 долари.

Американската нафта West Texas Intermediate (WTI) бележеше слични движења и се тргуваше по околу 104 долари за барел.

Берзите во азиско-пацифичкиот регион остро паднаа. Јапонскиот индекс Никеи 225 првично се намали за повеќе од седум проценти, а денот го заврши со пад од 5,2 проценти.

Јужнокорејскиот индекс Коспи падна за повеќе од осум проценти, што предизвика 20-минутен прекин на тргувањето. На крајот индексот заврши со пад од шест проценти.

Аднан Мазареи од Институтот „Питерсон“ за меѓународна економија оцени дека растот на цените на нафтата е очекуван, имајќи предвид дека производството е прекинато во дел од земјите од Персискиот Залив и дека има знаци за долготраен конфликт.

– Луѓето сфаќаат дека ова нема брзо да заврши – изјави Мазареи, додавајќи дека ветувањата за гаранции и цели од страна на САД „стануваат сè понереални“.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати ги отфрли загриженостите за растот на цената на нафтата. Во објава на платформата „Трут Соушл“ вчера напиша дека краткорочниот раст на цените е „мала цена што треба да се плати за безбедноста и мирот на САД и светот“.

Американскиот секретар за енергетика изјави дека Израел, а не САД, ја таргетира иранската енергетска инфраструктура, во услови на загриженост поради растот на цените на горивата на американскиот пазар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation