Иако календарски пролетта веќе започна, временските услови во Македонија би можеле да наликуваат на вистинска зима во првите денови од април.
Според најновите метео прогнози, постои голема веројатност на многу места низ државата да се формира снежна покривка, додека на планинските предели и на скијачките центри се предвидува натрупување на повеќе од 30 сантиметри снег.
Оваа прогноза ја објави метео прогнозерот Славчо Попоски, кој посочи дека ситуацијата активно се следи и дека сценариото со снежни врнежи во овој период од годината, иако ретко, не е невозможно.
„Можеби звучи многу повеќе од чудно, но барем од она што моментално го цртаа прогностичките материјали, во првите денови од следната седмица, односно почетокот на април, на многу места низ Македонија би се формирала снежна покривка и би владеела вистинска зима, на планините и на скијачките центри ќе има и над 30 сантиметри снег. Ја следам состојбата“, напиша Попоски на Фејсбук.