Зеленски тврди дека нападот во Чернобил е намерно темпиран со почетокот на Минхенската конференција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на прес-конференција во Минхен изјави  дека дронот, кој претходно го нападна уништениот реактор во Чернобил, летал премногу ниско за да биде забележан од радарот и дека нападот бил намерно темпиран да се совпадне со почетокот на конференцијата во Минхен, објави Јукреин тудеј.

– Ми се чини дека ова е толку интересен поздрав од Путин – додаде Зеленски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, зборуваше за обвинувањата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека беспилотно летало ја погоди куполата на нуклеарната централа Чернобил во текот на ноќта.

Песков рече дека Русија не изведува напади врз украинската нуклеарна инфраструктура, објави Војс оф Америка.

Тој додаде дека обвинувањата против Руската Федерација за напади на нуклеарната централа во Чернобил се „уште една измислица“.

Во исто време, тој рече дека режимот во Киев „продолжува да ја напаѓа цивилната инфраструктура“.

Зеленски претходно денеска рече дека „руско беспилотно летало, вооружено со силна боева глава, ја погодило заштитната купола над деактивираниот реактор на нуклеарната централа Чернобил“. Тој објави и видео од нападот.

Зеленски на прес-конференцијата во Минхен изјави и дека досегашните разговори со претседателот на САД, Доналд Трамп, дефинитивно, не се доволни за формирање мировен план, објави Си-Ен-Ен.

Сепак, тој истакна дека сигналите од САД се силни, но се разликуваат и додаде дека се потребни дополнителни разговори со американскиот потпретседател, со кого треба да се сретне денеска.

- Advertisement -
Ad image

По пристигнувањето на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски веднаш одговори на прашањата за иднината на Украина. Тој повтори дека Украина сака да биде членка на НАТО и дека никогаш нема да ги признае окупираните територии како дел од Русија.

– Никогаш нема да ги признаеме окупираните територии како руски. Да, сакаме да бидеме во НАТО. Ние веруваме во безбедносните гаранции на НАТО. Мислам дека тоа е најевтината опција за секого – рече Зеленски на прес-конференција.

Зеленски нагласи дека Европа мора да застане покрај Украина за сопствената безбедност.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article