Денес, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со претставници на американската компанија „Рејтеон“, која произведува системи за воздушна одбрана „Патриот“.
Зеленски на Фејсбук изјави дека постојат решенија што можат дополнително да ја зајакнат заштитата на животот во Украина, објави агенцијата „Укринформ“.
На средбата се разговараше за производствените капацитети на „Рејтеон“, потенцијалните области на соработка за зајакнување на воздушната одбрана и капацитетите за долг дострел на Украина, како и за перспективите за заедничко украинско-американско производство.
„Постојат решенија за зајакнување на заштитата на животот во Украина и работиме на сите нивоа за нивно спроведување. Му благодарам на „Рејтеон“ за неговата подготвеност да продолжи да ја поддржува Украина“, рече Зеленски.