Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека пристигнал во Вашингтон, каде што треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека сака „брзо“, но со „траен мир“.
„Сите имаме длабока желба брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна. А мирот мора да биде траен“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.
Тој треба да се сретне со американскиот претседател подоцна денес, во присуство на европските лидери кои го поддржуваат.
Пред состанокот, Трамп рече дека Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија „речиси веднаш“ и повторно ја отфрли можноста Киев да ја врати контролата врз Крим, како и да се приклучи кон НАТО.