Топ Вести - Слушај сега
Зеленски најави дека најновиот мировен план нуди можно повлекување на Украина од исток, јавува Би-Би-Си. Според украинскиот лидер, во Донбас е можна слободна економска зона.
– Постојат две опции: или војната продолжува или ќе треба да се одлучи нешто во врска со сите потенцијални економски зони.
Првиот човек на Украина нагласи дека економска зона ќе треба да се воспостави и околу нуклеарната централа Запорожје, која моментално е окупирана од Русија, и дека руските трупи ќе треба да се повлечат од четири други украински региони, Дњепропетровск, Николаев, Суми и Харков.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски пред новинарите презентираше нов документ од 20 точки, кој е преработка на оригиналнит нацрт за мир во Украина од 28 точки предложен од САД. Објавата на Зеленски доаѓа по неколку недели разговори меѓу претставници на САД и на Украина.
– Направивме значителен напредок кон финализирање на документите – рече Зеленски за документот за кој „Киев индепендент“ пишува дека е нацрт-закон за безбедносни гаранции меѓу Украина, САД и Европа, како и билатерален договор за безбедносни гаранции меѓу Украина и САД.
Друг документ меѓу Киев и Вашингтон се фокусира на економска соработка и е опишан како „патна карта за просперитет на Украина“.
Откако го презентираше новиот договор Зеленски побара средба со американскиот претседател Доналд Трамп за, како што вели, чувствителните прашања. Зеленски потврди дека планот е споделен со руската страна за увид.
Скај Њуз пишува дека Украина и САД се согласиле за делови од мировниот план, но дека територијата и прашањето за нуклеарната центрела Запорожје останува најтешка точка за Киев.
– Не постигнавме консензус со американската страна за територијата на Донецката област и за централата Запорожје. Но, значително ги приближивме повеќето ставови. Во принцип, целиот друг консензус во овој договор е постигнат меѓу нас и нив – изјави украинскиот лидер.
Ако биде одобрен, конечниот документ ќе треба да го потпишат лидерите на Украина, САД, Европа и Русија.
Прекинот на огнот би требало да стапи на сила веднаш по потпишувањето. За документот да стане важечки, тој мора да биде ратификуван од украинскиот парламент или одобрен од граѓаните на референдум, кој би можел да се одржи во рок од 60 дена.
Порталот „Киев Индепендент“ објави нацрт на можен мировен план од 20 точки, презентиран и парафразиран од украинскиот претседател.
Според „Киев Индепендент“ планот не ги споменува аспирациите на Украина за членство во НАТО.
1. Украина е признаена како суверена држава. Документот е договор за ненапаѓање меѓу Русија и Украина.
2. Ќе се воспостави сателитски надзор за следење на прекршувањата на договорот.
3. Украина ќе добие безбедносни гаранции.
4. Вооружените сили на Урраина ќе бројат 800.000 војници во мирнодопски услови.
5. САД, НАТО и европските држави ќе ѝ обезбедат гаранции „слични на член 5“ од Повелбата на НАТО.
А) Доколку Русија ја нападне Украина, ќе биде покренат координиран воен одговор и повторно ќе бидат воведени сите глобални санкции против Русија. Б) Доколку Украина ја нападне Русија без причина или отвори оган на руска територија, безбедносните гаранции се поништуваат. Доколку Русија отвори оган врз Украина, гаранциите стапуваат на сила. В) САД ќе бидат компензирани за обезбедување безбедносни гаранции (оваа одредба е отстранета). Г) Претходно потпишаните билатерални безбедносни договори меѓу Украина и околу 30 земји остануваат во сила.
6. Русија ќе формализира политика на неагресија кон Европа и Украина преку сите потребни закони и документи, кои мора да бидат ратификувани од Државната дума.
7. Украина ќе стане членка на Европската Унија во јасно дефиниран период и ќе добие краткорочен преференцијален пристап до европскиот пазар.
– Засега, прашањето за датумот на пристапување е билатерално прашање меѓу САД и Украина, без потврда од Европа. Членството во ЕУ е исто така безбедносна гаранција, па затоа сакаме да одредиме датум – на пример, 2027 или 2028 година – рече Зеленски.
8. Украина ќе добие глобален пакет за развој, дефиниран со посебен договор, кој опфаќа неколку економски области:
А) Ќе се формира фонд за развој за инвестирање во брзорастечки индустрии, вклучувајќи технологија, центри за податоци и вештачка интелигенција.
Б) Компаниите на САД и САД ќе соработуваат со Украина за реконструкција, модернизација и управување со гасната инфраструктура.
В) Заеднички напори за обнова на областите погодени од војната.
Г) Развојот на инфраструктурата ќе биде приоритет.
Д) Ќе се прошири експлоатацијата на минерали и природни ресурси.
Ѓ) Светската банка ќе обезбеди посебен пакет за финансирање.
Е) Ќе се формира работна група на високо ниво, со назначување на водечки светски финансиски експерт за администратор на просперитетот.
9. Ќе се воспостават неколку фондови за економско закрепнување, реконструкција на уништената инфраструктура и хуманитарни прашања, со цел мобилизирање на 800 милијарди долари – проценетата штета од војната.
10. Украина ќе ги забрза преговорите за договор за слободна трговија со Соединетите Американски Држави.
11. Украина ја потврдува својата посветеност да остане ненуклеарна држава во согласност со Договорот за неширење на нуклеарно оружје.
12. Контрола на нуклеарната централа Запорожје и реконструкција на хидроцентралата Каховка. Вашингтон предлага заедничко управување со електраната меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави (по 33% секоја), со американски надзор. Украина се спротивставува на руската контрола и предлага заедничко управување со Соединетите Американски Држави, при што 50% од електричната енергија ќе оди на територии под украинска контрола.
13. Украина и Русија ќе воведат училишни наставни програми кои промовираат разбирање, толеранција и борба против расизмот и предрасудите.
14. Во регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, линијата на воените позиции на денот на потпишувањето ќе биде признаена како де факто линија на фронтот, со повлекување на руските сили од другите области и распоредување на меѓународни сили за следење.
15. Русија и Украина се обврзуваат да не користат сила за промена на територијалниот статус и да ги решаваат споровите преку дипломатија.
16. Русија нема да се меша во користењето на Днепар и Црното Море за комерцијални цели.
17. Ќе биде формиран хуманитарен комитет за размена на сите затвореници, ослободување на цивили и помош на жртвите од конфликтот.
18. Украина мора да одржи претседателски избори што е можно поскоро по потпишувањето на договорот.
19. Договорот ќе биде правно обврзувачки, а неговото спроведување ќе го следи Мировен совет, со кој ќе претседава Доналд Трамп.
20. Прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш по договор меѓу сите страни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
