„Не знам дали тие (Русите) ќе сакаат 30 проценти од Европа, 50 проценти, не знам. Никој не знае. Но тие ќе ја имаат таа можност“.
Вака предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си.
Тој рече дека е сигурен дека Русија би можела да му објави војна на НАТО доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја намали поддршката за Алијансата.
Украинскиот лидер тврди и дека руската војска веќе обучува голем број војници на територијата на Белорусија.
Додека американскиот државен секретар е на турнеја на Блискиот Исток и планира да се сретне со руски функциониери за да разговара за можниот мир во Украина, Европа стравува дека е веќе исклучена од процесот.
Лидерите на големите европски земји утре треба да се сретнат во Париз на разговори за европската безбедност и за Украина.