Зеленски ја постави Јулија Свириденко за премиер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека новиот премиер на Украина ќе биде првата вицепремиерка Јулија Свириденко.

Со ова официјално започна нова фаза од реконструкцијата на украинската влада.

Претходниот премиер Денис Шмихал ја предводи владата од март 2020 година, а неговиот мандат сега завршува во контекст на обемни структурни и одбранбени реформи.

– Предложив Јулија Свириденко да го преземе раководството на украинската влада и значително да ја обнови нејзината работа. Очекувам наскоро да презентирам нов акционен план – рече Зеленски во објава на платформата „X“.

 

 

Одржана средба со Шмихал

Објавата доаѓа по неговата средба со Шмихал, на која беа договорени чекори за рационализација на државната администрација и пренасочување на максималните ресурси кон одбраната на земјата.

Зеленски на Фејсбук објави „значајна трансформација на системот за управување“ со цел намалување на трошоците на државната администрација, зајакнување на дерегулацијата и зголемување на ефикасноста.

- Advertisement -
Ad image

– Така, ќе насочиме повеќе ресурси кон одбраната на Украина и заштитата на нејзините граѓани – нагласи тој.

Која е Јулија Свириденко?

Јулија Анатолиевна Свириденко е украинска политичарка и економистка, родена на 25 декември 1985 година во Чернигов. Од ноември 2021 година, таа е прв заменик-премиер и министер за економија на Украина.

- Advertisement -
Ad image

Претходно, таа беше заменик-шеф на претседателската администрација, како и заменик-министер за економија.

Таа има диплома и магистратура по менаџмент и антимонополско управување од Киевскиот национален универзитет за трговија и економија, а студирала и во странство, вклучително и во Германија и во Шведска.

Својата кариера ја започнала како економист и проценител, а работела и на привлекување странски инвестиции.

Во еден период раководела со компанија за преработка на органска храна.

Добитничка е на бројни награди, вклучувајќи место меѓу 100-те највлијателни жени во Украина и на листата на „Тајм 100 Некст“. Свириденко е мажена е и има една ќерка.

Share This Article