Зебра избегала од Зоолошката градина во Белград вчера, 16 јули, пренесуваат српските медиуми. Нова објави дека животното избегало од ограден простор и повредило вкупно три лица, од кои едно било дете, кое било пренесено во Детска клиника.
Не е познато
Две од трите повредени лица се однесени во Военомедицинската академија ВМА, но се пуштени на домашно лекување бидејќи повредите биле полесни, соопшти утрово Ургентниот центар на болницата.
Бегајќи зебрата удрила во маж и го прегазила, по што му биле констатирани полесни повреди, додека другата жена била донесена во ВМА без физички повреди, но во состојба на шок, јавува РТС.