Топ Вести - Слушај сега
Пејачот Здравко Чолиќ наводно поминал два часа во полициската станица каде дал исказ во врска со инцидентот што се случил кога врз неговата куќа била фрлена бомба, пренесуваат српските медиуми.
Инцидентот што се случи на 3 февруари околу пет часот наутро, кога врз семејната куќа на пејачот била фрлена бомба, предизвика вистинска возбуда во јавноста.
Според неофицијални информации, Чолиќ бил испрашуван веднаш по неговото враќање од Хрватска, каде што престојувал во времето на овој настан. Пред надлежните органи, тој ги изнел сите детали што би можеле да придонесат за расветлување на случајот.
Иако станувало збор за многу непријатна ситуација што ја вознемири јавноста, Чолиќ бил смирен и сталожен за време на разговорот со полицајците. Трпеливо одговарал на сите поставени прашања, а истрагата, според изворот, била фокусирана на можните мотиви за нападот.
Истражителите биле заинтересирани дали пејачот имал конфликт со некого, дали се сомнева во одредена личност, како и дали има долгови или нерешени односи што би можеле да бидат причина за таков чин. Како што се тврди, Чолиќ ги негирал сите такви обвинувања.
– Тој особено истакна дека не држел злоба кон никого и дека во текот на кариерата немал сериозни проблеми со колегите или публиката. Нагласи дека не создал непријатели, ниту знае дека има. Не сакал да покажува со прст кон никого – изјавил извор близок до случајот за српски „Курир“.
За време на сослушувањето било покренато и прашањето за евентуално приватно гонење на осомничените, но пејачот, според истите изјави, останал на ставот дека нема приватно да тужи или гони лица поврзани со нападот, бидејќи верува дека некој друг стои зад сè и дека истрагата ќе ја утврди вистинската позадина на инцидентот.
Tagged as:
Здравко Чолиќ бил на распит во полиција за бомбата фрлена врз неговата куќа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
