Топ Вести - Слушај сега
Дводневните мировни преговори меѓу Русија и Украина, што со посредство на САД се одржаа во Абу Даби, завршија со договор за размена на 314 воени заробеници, најголема ваква размена во последните пет месеци, иако договор за прекин на огнот не беше постигнат.
И покрај изостанокот на договор за запирање на борбите, двете завојувани страни разговорите ги оценија како позитивни, а американскиот специјален пратеник Стив Виткоф тристраните средби ги нарече конструктивни, најавувајќи нивно продолжување во наредните недели.
Главниот украински преговарач Рустем Умеров изјави дека првиот ден од преговорите бил „значителен и продуктивен“, со фокус на конкретни чекори и практични решенија. Слична оценка даде и специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, кој денеска соопшти дека е постигнат одреден напредок.
Сепак, Дмитриев ги обвини европските сојузници на Украина дека, како што рече, со својата поддршка ја продолжуваат војната.
– Воените подбуцнувачи од Европа, особено од Велика Британија, постојано се обидуваат да го попречат овој процес и да се мешаат во него. Колку повеќе има такви обиди, толку повеќе гледаме дека, и покрај сѐ, се постигнува напредок – изјави Дмитриев.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечерно обраќање до нацијата најави дека следниот круг мировни преговори најверојатно ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.
– Тоа што може да се каже е дека следните средби се планирани во блиска иднина, веројатно во Америка – истакна Зеленски.
Како предуслов за каков било мировен договор, Русија инсистира на повлекување на украинските сили од регионот Донбас, додека Украина бара замрзнување на судирот на сегашната линија на фронтот и одбива еднострано повлекување на својата армија. Киев, исто така, бара контрола врз нуклеарната електрана Запорожје, најголемата во Европа, која моментално се наоѓа на територија под руска контрола.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
