Background

Заврши втората рунда преговори САД-Иран во Женева

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во Женева денеска заврши втората рунда нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, кои се одржаа во амбасадата на Оман во Женева. Преговорите се фокусирани на нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите на САД, а форматот на разговорите го следеше претходната рунда, одржана на 6 февруари во Мускат, објави Иранската телевизија „Прес ТВ“.

- Advertisement -
Ad image

Иранската делегација ја предводеше шефот на дипломатијата, Абас Арагчи, кој по разговорите изјави дека атмосферата била „поконструктивна од претходниот пат“. Тој нагласи дека за време на разговорите биле дискутирани посериозни теми и дека биле постигнати конкретни договори за клучните прашања.

– Нашите очекувања се дека разговорите ќе се движат кон конкретни решенија, иако сè уште не сме постигнале конечен договор – изјави Арагчи за новинарите во Женева.

Тој оцени дека ова е важен чекор кон постигнување опипливи резултати, но, како што изјави, „преговарачките тимови треба да продолжат да работат на клучните прашања и да разјаснат уште некои детали“.

Тој изјави дека разговорите ќе продолжат, без да прецизира точен датум.

– Не е одредено конкретно време за следната рунда, а беше договорено двете страни да работат на текстовите, а потоа ќе се дефинира датумот на третата рунда преговори. Потребно е време двете страни да ги приближат своите ставови – рече Арагчи.

Еден ден пред почетокот на разговорите Арагчи се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, за да разговараат за технички прашања и соработката на Техеран со агенцијата. Тој исто така се сретна со својот омански колега, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди, кој посредува во преговорите.

Разговорите се одржаа во контекст на зголемени регионални тензии, вклучително и распоредување американски воени сили во регионот. Техеран предупреди дека ќе одговори на секој чин на нов воен притисок, како што беа минатогодишните напади врз нуклеарните постројки на Иран.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation