Завршена обукцијата врз трите тела, МНР чека потврда за Дејанчо

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во кое наводно еден од убиените е македонски државјанин.

Од министерството информираат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.

„За потврда на идентитетот на жртвите се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште е во тек. По добивањето на официјална информација од боливиските власти за идентитетот на жртвите и околностите на настанот, Министерството ќе ја информира јавноста“, соопштија од МНР.

Познат е целосниот идентитет на македонскиот државјанин кој заедно со двајца Срби беше убиен во јужноамериканската држава Боливија. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“.

Покрај него, жртви на ликвидацијата се и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, а третата убиена личност сè уште не е официјално идентификувана. Се претпоставува дека имала фалсификувани документи. Првичните сомневања укажуваат дека тројцата мажи биле вмешани во конфликт со локални нарко-картели, можеби во рамките на пресметка меѓу групи поврзани со таканаречениот „балкански картел“.

Телата на жртвите биле пронајдени во куќа во населбата Петролеро Норте, во главниот град Санта Круз. Сите биле завиткани во големи црни најлонски кеси, што според истражителите укажува дека убијците планирале да ги отстранат, да ги закопаат или да ги пренесат на оддалечена локација.

Локалниот весник во Санта Курз, „Ел Дебер“ објави дека Лазаревски (43) бил бугарски државјанин, го потврдија и идентитетот на Ѓуриќ според документите кои ги имале кај нив. Исто така беше објавен резултатот од обдукцијата на трите тела.

– Обдукцијата извршена во судската мртовечница Пампа де ла Исла од страна на Институтот за форензички истражувања (IDIF) утврди дека една од жртвите починала од прострелна рана во главата. Другите две починале како резултат на повеќекратни повреди на главата и повеќекратни повреди предизвикани од траума со тап предмет, повреди што се конзистентни со акти на тортура – вели обвинителот назначен за истрагата, Херланд Родригез.

Бруталноста со која е извршено злосторството ја наведува полицијата да се сомнева дека станува збор за пресметка, веројатно поврзана со транснационални нелегални активности, иако во моментов не е исклучена никаква хипотеза.

- Advertisement -
Ad image

Како дел од истрагата уапсени се четири лица, вклучувајќи таксист кој наводно превезувал дел од жртвите и наводните сторители.

За време на рациите, полицајците заплениле две возила, од кои едното носело муниција од 9 мм, и собрале снимки од надзорните камери од областа за да ги реконструираат настаните што доведоа до и по убиството.

Куќата во населбата Петролеро Норте каде што беа пронајдени телата е исто така под строг надзор. Се претпоставува дека тоа било место на заробеништво и последователна егзекуција, иако полицијата не ја исклучила можноста починатите да биле транспортирани од друг дел од градот.

- Advertisement -
Ad image

Српски извор за медиумите вели дека веста за убиството брзо се проширила во подземјето на Ниш и Струмица.

– Последните информации велат дека еден од убиените е Миљан, познат како Итри, другиот е Дејанчо, кого сите го знаевме како Македонец, а третиот е познат како Мали Коста – изјавил соговорникот.

Share This Article