Background

ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ НЕМА ДА ГИ ЗАТВОРИ БИЗНИСИТЕ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафулињата и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу.

- Advertisement -
Ad image

Вториот момент, како што појасни тој, е што се даваат субвенции за тутунот, и извоз на тутунот.

– Од економска гледна точка не гледаме дека ќе има некаков тип загуби. Здравството и здравствените политики се поврзуваат со здравјето, а здравјето никогаш нема цена. Од другата страна со нездраво население вие дефинитивно одмагате на бизнисот многу повеќе отколку со вакви политики против пушење на цигари во затворени простории. Направена е и таква анализа. Луѓе кои се зависници од таков тип на производи се помалку активни во секојдневната работа во државните и во приватните институции – истакна Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференција за обезбедување вакцини против хепатитис Б.

Тој рече дека пред институции, не само во Клиничкиот центар, секаде низ целата држава, пред јавни здравствени установи, но и други јавни институции, училишта, градинки, министерства, нема да биде дозволено да се пуши.

– Клиничкиот центар дефинитивно е голем, има многу институции, но исто така знаете дека има инфраструктура внатре за пиење кафе, таму најверојатно тие бизниси ќе креираат инфраструктура и за пушење цигари, или ќе направат тераса што ќе биде отворена од трите страни. Впрочем и на крајот на денот, ние како надлежна институција, сакаме да направиме закон со кој ќе ги штитиме сите, ќе го штитиме населението. Верувајте дека имаме многу заболувања кои директно или индиректно се поврзуваат со пушењето – посочи Алиу.

Тој потенцира дека од утре ќе има состаноци со сите инспекторати за да може да ги информира за законот и за да видат дали им треба дополнителен човечки капацитет или друг тип инфраструктура, со цел да се следи имплементацијата на законот на терен.

– Јас сум свесен дека законот има добро дефинирани постапки каде може да се пуши, каде не смее да се пуши. Но, исто така ќе имаме добро дефинирани правилници што ќе бидат јавно достапни, ќе знаат сите заинтересирани страни кои треба да бидат информирани или имаат дел од бизнисот што е опфатено со овој закон, за да може да се прилагодат или инфраструктурно или внатрешни правилници ако им треба. Сигурен сум дека од 1 март се очекува законот да биде во сила, дека ќе имаме друг тип на инфраструктура надвор од нашиот дом, а тоа значи дека во јавен транспорт, во простории што се заеднички ќе имаме чист воздух и нема да дишеме никотин. Ве уверувам дека нема да дозволам надвор од тие европски политики да креираме некој хибриден закон, бидејќи тогаш од првиот ден законот нема да биде функционален – додаде Алиу.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation