Законот за правична застапеност денеска ќе биде разгледан на владина седница по што ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а потоа ќе влезе во собраниска процедура. Предлог-законот, како што денеска изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, е подготвен од група уставни експерти. Правичната застапеност на припадниците на заедниците во јавната администрација ќе се регулира со подзаконски акти, откако ќе се добие мислењето од Венецијанската комисија.
– Овој закон за правична застапеност, којшто морам да кажам дека е уставна категогија која произлегува од Охридскиот рамковен договор, го подготви група експерти во Владата. Законот денеска ќе се разгледа на владина седница и понатаму ќе биде проследен во Венецијанската комисија. Она што е важно за овој закон е дека вработувањата ќе бидат врз база на компенетност, квалитет и професионаност. Баланерсот е укинат од Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група уставни експерти. Моделот за правична застапеност ќе биде регулиран со подзаконски акти, но по претходни евентуални забелешки од Венецијанскста комисија – изјави Минчев.