Захарова со критика кон германските власти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, со ироничен коментар се осврна на противречните изјави на германските власти во врска со дострелот на оружјето испратено во Украина.

„Па, одземете им ја веќе еднаш ‘лажичката за шеќер’ и ‘хартиената марамица’!“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм, додавајќи дека се надева оти барем германските лидери „не се степале како Макронови“.

Повод за нејзината реакција беше фактот што германскиот вицеканцелар Ларс Клингбајл ја негираше изјавата на канцеларот Фридрих Мерц, во која се најавуваше укинување на ограничувањето на дострелот на оружјето кое Германија го испраќа во Украина.

Во својата објава, Захарова саркастично го спомна и францускиот претседател Емануел Макрон, алудирајќи на моментот што беше снимен при нивното пристигнување во Ханој. На видеото, кое го обиколи интернетот, се гледа како неговата сопруга, првата дама Брижит Макрон, го удира сопругот и одбива да ја прифати неговата рака при симнувањето од авионот. Таа наместо тоа, ја фаќа оградата и продолжува самостојно да се движи.

Иако Елисејската палата првично тврдеше дека снимката не е автентична и дека станува збор за видео креирано со вештачка интелигенција, подоцна новинарите ја потврдија нејзината автентичност. По ова, официјалниот став беше променет — се работело за „обична брачна расправија“, а не за нешто сериозно. Друг извор од палатата изјави дека двојката „само се забавувала и се опуштала пред официјалната посета“.

Претседателот Макрон ги отфрли шпекулациите, велејќи дека тој и неговата сопруга често се шегуваат на ваков начин и демантираше дека меѓу нив има кавги. Тој се осврна и на други шпекулации, вклучувајќи гласини за кокаин и инцидент со турскиот претседател Ердоган, нарекувајќи ги „погрешно протолкувани видеа“.

Share This Article