Background

Захарова го впери прстот кон Лондон и кон Париз

Киев изврши напад врз мерната станица за гас Суџа во областа Курск по наредба од Лондон, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Имаме причина да веруваме дека насочувањето и таргетирањето на нападот е извршено преку француски сателитски системи, а внесувањето на координатите и лансирањето се извршени од британски специјалисти. Командата е дадена од Лондон – рече Захарова.

Таа истакна дека станицата веќе била нападната од Киев и дека по денешниот ракетен напад сега е уништена.

- Advertisement -
Ad image

Покрај тоа, Захарова рече дека Киев исто така се обидел да ја нападне рафинеријата за нафта во Саратов.

– Ова не се први обиди на Украинците да го тероризираат рускиот енергетски систем по договорот од 18 март за забрана за гаѓање на енергетските капацитети. Киев ги гаѓаше и гасните и нафтените капацитети во Русија – во областа Брјанск, Курск, Белгород и Краснодарската територија. Сето ова покажува дека е невозможно да се постигне каков било договор со Киев – истакна Захарова.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин веднаш да се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот, што тој го нарече прв чекор кон праведен и траен мир.

„Русија продолжува да ја напаѓа Украина, и покрај преговорите за прекин на огнот. Во нападите се убиени и повредени цивили, а има и извештаи за оштетување на енергетската инфраструктура“, напиша Лами на својот профил на мрежата Икс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation