Загриженост по изложеноста на отровни издувни гасови од воените хеликоптери

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак Стабингс.

Стабингс го обучуваше принцот за време на неговата служба меѓу 2010. и 2013 година. Тој почина на 47 години, по децениска битка со рак којшто ги зафаќа крвта и коскената срцевина. Неговата смрт предизвика загриженост за здравствените опасности поврзани со поголемата изложеност на отровни издувни гасови од воените хеликоптери, вклучувајќи го и „Морски крал“ (Sea King) што Вилијам го пилотираше за време на неговата обука.

Загриженоста е дотолку поголема оти кралското семејство веќе се соочува со две битки со ракот. Имено, кралот Чарлс и сопругата на Вилијам, Кетрин – Кејт Мидлтон со месеци се лекуваат од таа болест. Мидлтон неодамна откри дека ракот кај неа е во ремисија, по шесте месеци хемотерапија.

Според наводите, принцот е подложен на медицински прегледи како мерка на претпазливост, за да се исклучат какви било болести потенцијално поврзани со неговата воена служба.

По сѐ, изгледа дека Монархијата сака да избегне „троен удар“ на рак во самиот врв на кралското семејство. Смртта на Стабингс, исто така, повторно ја актуелизира можната правна постапка против Британската армија. Многу поранешни вработени кои управувале со истите хеликоптери страдале од различни облици на рак – на белите дробови, грлото и на тестисите.

Share This Article