Background

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа рече дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, кои ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото веќе ги поставува на веб-страницата на Педагошката служба.

Монистерката нагласи дека во училиштата се испорачани онолку учебници колку што пријавиле самите училишта.

- Advertisement -
Ad image

– Учебници има, сè што побарале училиштата, сè е испорачано. На Министерството му е сосема сеедно дали ќе отпечати милион или милион и 200.000 учебници, затоа што имаме рамковна спогодба за печатење. Значи, тоа што е побарано е испорачано. Уште еднаш повторувам – до последен учебник кој е побаран од Министерството е обезбеден. Оттука, не прифаќам дека може да се рече дека учебници нема. Дали се во подобра или полоша состојба, тоа зависело од комисијата што ги примала, од директорите… Сметам дека ова прашање треба да биде затворено и во иднина да немаме никакви вакви проблеми – рече Јаневска денеска при посетата на училиштето „Свети Наум Охридски“.

Таа додаде дека се поставени јасни правила, има јасен и прецизен закон што функционира, упатства и правилник за работа кои „од следната година ќе мора да се почитуваат до последен детаљ“.

– Диструбицијата на учебниците е завршена, остануваат два учебника за први клас гимназија од кои еден е спорен, а еден е во процедура. Тие ќе бидат дистрибуирани тогаш кога ќе се реши ова. Сите други учебници се дистрибуирани – додаде Јаневска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation