Background

За што се зборуваше на вториот ден на Самитот на Македонија2025?

Вториот ден од Самитот Македонија2025 понуди богата агенда со фокус на иднината на образованието, трансформативната моќ на вештачката интелигенција, глобалните можности за македонските компании и клучната улога на дијаспората во националниот развој.

Утрото започна со панелот „Редефинирање на стратегиите за странски директни инвестиции“, модериран од претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, каде што истакнати познавачи на областа од Европа и од регионот дискутираа за паметни инвестиции и начини на искористување на економскиот потенцијал на земјава. Следуваше панелот „Образование на иднината“, на кој учествуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кој го отвори прашањето како да се изградат нови генерации на лидери, мислители и иноватори, преку реформи и искористување на најдобрите меѓународни искуства.

Посебно внимание привлече инспиративниот разговор со Дао Џенсен, претседателка на Compass UOL, на тема „Вештачка интелигенција, истрајност и неконвенционалниот пат“, каде што беше истакната улогата на истрајноста и визијата во технолошкото претприемништво. Панелот „Револуција на вештачката интелигенција“ донесе конкретни примери за тоа како ИКТ иновациите веќе ја менуваат традиционалната индустрија и деловните модели.

- Advertisement -
Ad image

Во рамки на вториот ден од Самитот се одржа и свечената церемонија за доделување на наградите за академска извонредност на стипендистите од програмата поддржана од Фондацијата Атанас Близнакоф од САД. Наградени беа 11 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, кои оствариле успех во последните три години од студиите со просек над 9,5.

Попладневниот дел од програмата продолжи со две значајни сесии: „Нова ера: Како вештачката интелигенција го редефинира нашиот свет“ и „Инспиративен разговор: Во економската еволуција на Саудиска Арабија“, кои го проширија хоризонтот на размислување за глобалната улога на технологијата и стратешките партнерства.

На панелот „Враќање на инвестициите, движење напред: Улогата на дијаспората во националниот раст“, модериран од со-основачот на Македонија2025, Џон Битов, претставници на успешни компании на нашинци од светот дадоа нови перспективи за економската интеграција на дијаспората со домашната економија.

Извршната директорка на Македонија2025, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, оцени дека вториот ден од Самитот ја потврдил суштинската вредност на овој значаен настан, како место за размена на иновативни идеи, креирање партнерства и презентирање на конкретни иницијативи.

– Со задоволство гледам како Самитот прераснува во место каде што се поврзуваат делови луѓе и лидери од различни делови на светот, обединети од заедничка визија – посилна и поконкурентна Македонија. Панелите и интервјуата денеска беа особено квалитетни, зборувавме за тоа како да изградиме генерации лидери, како да ја искористиме вештачката интелигенција на одржлив начин и како да создадеме амбиент што ќе ги мотивира македонските таленти да се вратат или да инвестираат во татковината. Самитот ја покажа својата сила – да ги спои најдобрите идеи со луѓе што можат да ги реализираат – изјави Мојсоска Блажевски.

Конференцискиот дел од досега најголемиот Самит на Македонија2025, на кој учество зедоа 36 истакнати говорници во 14 панел-сесии и на кој присуствуваа над 700 претставници од домашни, глобални и компании од дијаспората, експерти и лидери, ќе биде затворен попладнево, кога се очекува да се обрати и претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, што ќе биде симболична потврда за важноста на јавното-приватно партнерство и заложбата за поддршка на дијаспората, иновациите и образованието како двигатели на развојот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation