За што се задолжуваат најмногу граѓаните во банките?

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во август вкупните депозити на годишно ниво  бележат раст од 12,4%, додека вкупните кредити бележат раст од 12,9%, покажуваат податоците на Народа банка.

Во однос на депозитите поизразен придонес кон растот имаат депозитите на секторот „домаќинства”, додека во однос на кредитите растот се должи на корпоративниот сектор.

Според овие податоци граѓаните и фирмите имаат чуваат  во банките 10,2 милијарди евра, а им должат  8,6 милијарди евра.

Во споредба со август претходната година, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 14,5%, во најголем дел како резултат на растот на депозитните пари и на краткорочните депозити.

Годишниот раст на депозитите кај домаќинствата изнесува 12,4% и во поголем дел се должи на повисоките депозитни пари и долгорочните депозити, при помал позитивен придонес и на краткорочните депозити.

Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор забележаа годишен раст од  15,4%. Анализирано по валута,  годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута.

Кредитите на домаќинствата забележаа годишен раст од 10,6%. Промената се должи на
растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на граѓаните, најзастапените категории − потрошувачките и станбените кредити забележаа месечно зголемување од 0,4% односно од  1,0%, при годишно зголемување од 9,9% и од 15,5%.

Овој месец, автомобилските кредити остварија месечен раст од 1,7%, при годишен пад од 2,5%, додека кредитите одобрени на кредитните картички остварија намалување на месечна и на годишна основа од 0,3% и од 7,1%, соодветно.

- Advertisement -
Ad image

Во август, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 2,1% и од 0,4%, додека кредитите одобрени врз други основи забележаа месечен и годишен пад од 0,7% и  од 8,3%.

Извор: НБРСМ

- Advertisement -
Ad image
Share This Article