Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател ги прави „вистинските работи“ за Алијансата, поттикнувајќи ги земјите-членки да инвестираат повеќе во одбраната и да се изедначат со вложувањата на САД, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при посета во Загреб.
– Верувам дека Доналд Трамп ги прави вистинските работи за НАТО поттикнувајќи нè сите да трошиме повеќе – рече Руте на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Тој додаде дека во Алијансата се води расправа за тоа како да се обезбеди стабилност на Арктикот, а на прашањето за американските претензии кон Гренланд, рече дека „приоритет е Арктикот да остане безбеден“.
Пленковиќ, пак, повика на заемно почитување меѓу сојузниците и нагласи дека решенијата треба да се бараат со дијалог. Според Пленковиќ Хрватска поддржува мировно решение, но смета дека Украина не треба да се согласува на територијални отстапки. Исто така, Пленковиќ нагласи дека Хрватска нема да испраќа војници во Украина, туку дека ќе помогне на друг начин.
Хрватскиот премиер истакна дека Владата веќе одвоила 2,08% од БДП за одбрана во 2025 година и дека хрватските сили се дел од пет меѓународни мисии.
Руте ја пофали Хрватска за нејзиниот придонес во НАТО од 2009 година, особено во стабилизацијата на регионот и во мисијата на Косово.
Генсекот на НАТО истакна дека „нема да се дозволи безбедносен вакуум“ и дека Хрватска е „клучен партнер“ на Алијансата, потсетувајќи дека земјата од 2022 година донирала повеќе од 300 милиони евра во опрема и помош за Украина.
Руте, во рамки на посетата, се сретна и со претседателот Зоран Милановиќ, кој претходно изјави дека „Руте не е личноста што носи одлуки“, но дека е добредојден во земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
