За една година ќе може да се следи сообраќајот од минута во минута

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на отворањето на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, што се одржува денеска во Скопје.

Патната инфраструктура што ја креираме, Николоски рече дека мора да биде безбедна по дизајн со цел да ги минимизира ризиците и да понуди услови за безбедно движење за сите.

Николоски на конференцијата ги наброја стратешките проекти на Министерството за транспорт во насока  на постигнување безбедност во сообраќајот, посочувајќи дека во Националната транспортна стратегија 2018–2030 поставена е амбициозна цел  за намалување на бројот на загинати лица на патиштата за 50% до 2030 година.

Се унапредува, како што рече, националната регулатива за безбедни патишта преку измена на законски решенија и утврдување и ознака на црните точки, се соработува со општините за развој на локални проекти, а меѓу останатото изработен е Правилник за велосипедска инфраструктура.

Николоски најави дека следната година на Коридор 10 треба да се примени Интелигентен транспортен систем за што веќе завршува тендерот, како и дека се работи на слична апликација за  таков систем  на Коридор 8. Светска банка даде грант за системот на Кородорот 10 од околу 13 милиони евра што е 60% од инвестицијата во проектот.

– Светска банка го работи тендерот за изведувач на системот на Коридорот 10. За година до година и половина ќе имаме целосно дигитализиран хајтек автопат од Табановце до границата со Грција. Нешто што ќе помогне во безбедоста на сообраќајот. По завршување на системот ќе се следи сообраќајот од минута во минута на коридорот 10 – рече Николоски.

Тој додаде дека сите активности за реконструкции на патиштата бара време и пари.

– Сето ова бара многу време, посветеност и финансии, но најважно од се е координација и пред се подобрување на  културата кај граѓаните, се соочуваме со феномен со кој сите се за почитување на законот се додека законот не се однесува на нив – рече Николоски.

Тој апелира сите да се насочат кон долгорочни цели и истакна дека спасувањето на човечките  животи нема цена.

- Advertisement -
Ad image

Конференција продолжува со обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски  и директорот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Горан Ангеловски.

Фото: Плусинфо

Share This Article