Вулканот Кључевској на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток исфрла пепел и чад на височина од 12 километри, соопшти руската сеизмолошка служба. Вулканот стана активен по силниот земјотрес на 30 јули во близина на Камчатка.
Според агенцијата и службите за итни случаи, по денешните ерупции е издадено предупредување до локалното население. Облаците од чад и пепел се шират кон исток и во Тихиот Океан, јави српската новинска агенција Танјуг, цитирајќи го рускиот Интерфакс.Агенцијата додаде дека во моментов нема пепел во населените подрачја, но предупредувањето останува на сила за локалното население, бидејќи облак од вулканска пепел долг 280 километри се шири кон исток и југоисток од вулканот.
Вулканот Кључевској повторно еруптираше на 30 јули по силниот земјотрес во близина на Камчатка. Вулканот еруптира неколку пати на ден, а лавата тече по неговите падини.
Тој е највисокиот активен вулкан во Евроазија и еруптирал неколку пати во последните години, најмалку 18 пати од 2000 година. Никогаш не се регистрирани поголеми штети или жртви од ерупција на вулканот, бидејќи најблискиот голем град, Петропавловск-Камчатски, е оддалечен стотици километри.
Tagged as:
Вулканот Камчатка исфрла пепел на висина од над десет километри
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
