Вучиќ вели дека опозицијата одработила за своите газди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашниот хаос на седницата на Народното собрание изјави дека опозицијата ги внела димните бомби во „долна облека“ и дека пратеничката Соња Илиќ, која е во осмиот месец од бременоста, и нејзиното бебе се во добра состојба откако беа испрскани со солзавец.

Тој оцени дека опозициските пратеници предизвикале инциденти во Собранието затоа што брзале „да ја завршат валканата работа за своите газди“.

Српскиот претседател изјави дека чека да слушне што ќе каже обвинителството, но дека нема да мирува „додека тие што го направиле ова не одговараат“.

Вучиќ изјави дека вчера бил тежок ден за Србија, за секој нормален граѓанин на земјата, поради „насилничко и хулиганско однесување“ и сцени кои не се видени од воспоставувањето на повеќепартиската политика.

Тој откри и дека разговарал со пратеничката Јасмина Каранац која беше испрскана со бибер-спреј од пратеникот Милош Јовановиќ.

Тој им се заблагодари на пратениците, на дел од министрите и на претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, за, како што рече, чесното и храбро однесување на седницата.

Според него, претставниците на опозицијата ги радикализираат протестите бидејќи, како што вели, забележуваат пад на поддршката за протестите и гледаат дека луѓето не сакаат насилство.

Вучиќ рече дека нема намера да организира митинг во Белград околу 15 март, за кога е најавен голем протестен собир на критичари и противници на власта.

Тој најави дека ќе започне со формирање на политичко движење кое, како што рече, треба да ја покаже разликата меѓу нормална и пристојна Србија од „она што тие го покажаа денеска“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article