Background

Вучиќ со нови ветувања откако ЕУ побара слобода на медиумите и борба против корупцијата

Иднината на Србија е во ЕУ, порачаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објави на Икс по нивната синоќешна, како што оценија, „важна средба“ со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

Кошта во својата објава наведе дека на работната вечера се разговарало за „потребата за унапредување на реформите поврзани со ЕУ“.

– Потребен е напредок во слободата на медиумите, борбата против корупцијата и изборните реформи. На дофат се опипливи достигнувања во области кои можат директно да му користат на српскиот народ. Иднината на Србија е во ЕУ – истакна Кошта.

- Advertisement -
Ad image

Потребата од спроведување реформи во Србија во својата објава ја потенцира и Фон дер Лајен.

– Земјата треба да ги спроведе реформите поврзани со ЕУ, особено да преземе решителни чекори кон слободата на медиумите, борбата против корупцијата и изборните реформи. Иднината на Србија е во ЕУ – наведе Фон дер Лајен.
Вучиќ од својата страна синоќа изјави дека е „многу задоволен“ од средбата со Кошта и Фон дер Лајен, истакнувајќи дека таа „значела многу за иднината на Србија“.

– Разговорот беше срдечен… Клучна тема беше европската иднина на Србија. Реков дека Србија ќе биде апсолутно посветена на таа цел и повеќе отколку што беше досега, но реков и дека наскоро ќе имаме одлука за формирање нова влада или одлука за нови избори – изјави Вучиќ.

Според него, со европските претставници разговарал и за политичката ситуација во регионот, за неопходноста од зачувување на стабилноста и мирот, за економската ситуација, но и за „работите што Србија мора да ги направи во областа на владеењето на правото за да може да се избори за отворање на преостанатите кластери во пристапните преговори“.

На средбата, исто така, се разговарано и за прашања поврзани со економијата и инвестициите, интересот на ЕУ за минералните ресурси и заеднички проекти со Србија, како и за одбранбената индустрија.

Вучиќ по средбата изјави и дека ги известил Кошта и Фон дер Лајен оти на протестот во Белград на 15 март не бил употребен звучен топ и дека српските власти се подготвени Брисел да го провери тоа, затоа што Србија „нема што да крие“ и е целосно подготвена тоа да се провери „на секој начин“

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation