Српскиот претседател Александар Вучиќ денес, во свое име и во име на граѓаните на Србија, му го честиташе изборот на Никушор Дану за претседател на Романија и му порача дека во Србија секогаш ќе има добар сосед и сигурен партнер.
„Во нас секогаш ќе имате добар сосед и сигурен партнер, додека ние остануваме посветени на соработката, зајакнувањето на пријателството и заедничките проекти во корист на нашите граѓани“, напиша Вучиќ на мрежата X.
Проевропскиот градоначалник на Букурешт, Никосор Дан, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија во неделата, според речиси конечните резултати.