Топ Вести - Слушај сега
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е на Минхенската безбедносна конференција, ја критикуваше Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, оценувајќи дека дел од нејзините изјави немаат многу смисла и не ја одразуваат реалноста.
Тој изјави дека од Шекеринска „можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла“ и нагласи дека таа, како и многу други, „не сака да вметне во својата гледна точка она што е вистина и очигледно“ што се видело и кога зборувала за сецесионизмот и за Република Српска, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ ова им го кажа на новинарите во Минхен, кога беше прашан каков е неговиот коментар за изјавата на Шекеринска дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО.
Шекринска, како заменик-генерален секретар на НАТО ги повика сите земји од Западен Балкан да учествуваат во политичкиот дијалог и на тој начин да ги решат контроверзните прашања. Вучиќ нагласи дека доколку Шекеринска го кажала само тоа, би немал што да додаде, ниту пак ќе имал што да каже.
– За жал, Радмила Шекеринска зборуваше за други работи што навистина немаат многу смисла. Сакајќи, претпоставувам, да ја критикува Република Српска, таа зборуваше за тоа како е загрижена за некои сецесионистички изјави и одлуки во регионот кои не придонесуваат за мирот и за сè друго. Ова ни го кажуваат жена и луѓе кои доведоа до сецесија, барем според нив, на дел од територијата на Србија, помеѓу 13 и 14 проценти од територијата на Србија – рече Вучиќ.
Тој им порача на оние кои зборуваат така да покажат малку почит кога зборуваат за Србите.
-Внимавајте што зборувате – рече Вучиќ, додавајќи дека не треба да зборува за фактот дека Шекеринска не се сеќава дека некој убил 16 вработени во РТС, но се сеќава дека во Бањска бил убиен еден албански полицаец, а исто така не се сеќава дека тројца Срби биле ликвидирани ладнокрвно.
Тој додаде дека видел и изјава на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, од која може да се заклучи дека некој не го информирал добро.
– Претпоставувам дека човекот згрешил, не сакам да верувам дека станува збор за нешто друго, зборувал за воен сојуз меѓу Србија и Унгарија. Реков дека во иднина ќе размислиме дали да формираме сојуз, немаме воен сојуз со никого. Ние сме воено неутрална земја. Имаме воено-техничка соработка со 101-102 земји во светот, понекогаш поинтензивна, понекогаш помалку интензивна и така натаму- рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ја добила и „повелбата“ од САД за Одборот за мир и дека ќе го разгледаат тој документ.
Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во изјава за новинската агенција Бета рече дека Албанија и Хрватска не се само сигурни и ценети сојузници во рамки на Алијансата, туку дека придонесуваат за мирот и стабилноста во регионот со соработката со Косово во делот на одбраната.
Шекеринска рече дека НАТО не учествува во дискусиите или консултациите за декларацијата потпишана од Приштина, Тирана и Загреб, но дека членството во Алијансата не ги спречува земјите да имаат дополнителни одбранбени договори со трети страни. Таа, исто така, го повтори ставот дека НАТО го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија за нормализација на односите, кој се води со посредство на Европската Унија.
– Она што генерално го гледаме е дека глобалната геополитичка ситуација влијае и на регионот. Сведоци сме на повеќе воени вежби, поголеми инвестиции во одбраната и безбедноста, но во исто време ги повикуваме сојузниците и партнерите да се вклучат во политички дијалог со цел решавање на отворените прашања во регионот. Нашето присуство на Западен Балкан има за цел да поддржи токму ваков вид политички дијалог – рече Шекеринска.
По изјавата на Вучиќ остро реагираше СДСМ кој го обвини српскиот претседател за мизогинија и за навреди кон Шекеринска.
„Вучиќ малициозно нагласи дека „оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија” (нагласувајќи го нејзиниот пол на понижувачки начин, како тоа да е релевантно за аргументот), ја обвини Шекеринска дека има врска со сецесијата на 13-14% од територијата на Србија (мислејќи на Косово). Ова понижување на жените е облик на мизогинија што ја поткопува родовата рамноправност и придонесува за токсична политичка клима во регионот“, се наведува во реакцијата на СДСМ од каде изразија недвосмислена поддршка за Шекеринска.
Tagged as:
ВУЧИЌ ЈА КРИТИКУВАШЕ ШЕКЕРИНСКА ВО МИНХЕН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
